Friday, September 14, 2018

Јас се викам Ема Кралевска.
Имам 12 години.
Нова сум во оваа, но се надевам со текот на времето ќе ми стане појасно. Јас сега сум VII одделение. Поради тоа што помина распустот, за жал, моето (но и на сите други) омиленото годишно време лето со нови сили ги почнувам училишните денови. Се разбира малку е потешко VII оделение за разлика со VI оделение. Но се надевам дека ќе бидам одлича ученичка како и е претходната година со сите петки.

Јас со моите другарки одам на одбојка. Предходната година бев полоша бидејки бев почетик, но годинава почнувам доста да на напердувам. Порано идев на модерен танц каде што идев од 5 години до 9 години каде што бев одлична во тоа.Но се откажав и продолжив на одбојка што повеќе ми се допаѓаше и ме интересираше. Исто така одам на англиски курс. Таму наставничката е одлична и многу добро ме учи англиски. Таму одам со другарки и другари и е навистина супер. Исто така идам на академијата во Семос - тоа е место каде што се учи за апликаците кој ни ги овозможува компјутерот. Предходната годинав идев почетен курс со моите другарки.Таму на учев за Word, Excel и PowerPoint кој сега во животот доста ми треба. Годинава решив да продолжам со Photoshop. Мене тоа доста ме интересира утре продолжувам таму со мене ќе бидат нови деца со кој ќе се запознам и сигурно ќе се дружам. Мене Photoshop ме интересира за тоа да можам да работам слики и да им додавам нешто. А исто така и малку и за youtube  бидејки сакам да станам youtuberka, но ќе видам дали ќе станам. Имам голем желба да станам како што рeков youtuberka бидејќи да речам кога имам слободно време гледам youtube.
 Се надевам дознавте нешто за мене ново, а тоа е што сакам и со што се занимавам.
Се читаме во следниот текст.